
Историски успех за Македонија: Рената Дескоска избрана за потпретседателка на престижната Венецијанска комисија
Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија, со што стана првата Македонка на оваа висока позиција. Таа ќе биде дел од раководството предводено од новата претседателка Марта Картабија од Италија, а друштво на потпретседателските места ќе ѝ прават колеги од Норвешка и Велика Британија.
Прва од земја што не е членка на ЕУ
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Дескоска истакна дека нејзиниот избор има посебна тежина бидејќи таа е првата потпретседателка која доаѓа од земја што не е членка на Европската Унија, ниту пак од земјите произлезени од поранешна Југославија. Ова признание доаѓа како резултат на нејзиниот досегашен активен ангажман, вклучувајќи ја изработката на 14 стручни мислења кои биле едногласно усвоени од Комисијата. „Ова го доживувам како дополнителна обврска за промоција на европските стандарди, демократијата и владеењето на правото“, порача Дескоска.


