во ,

Внимавајте како возите: Камерите на „Безбеден град“ се вклучени, еве за што ќе добивате опомени месецов!

„Големиот брат“ гледа од денеска: Камерите на „Безбеден град“ почнаа да снимаат, но казните ќе „удрат“ по џебот од 1 јануари

Од денеска официјално стартува едномесечниот пробен период на системот „Безбеден град“, што значи дека камерите поставени на улиците низ Скопје и државата започнуваат активно да ги регистрираат сообраќајните прекршоци. Сепак, возачите можат привремено да здивнат бидејќи во текот на овој месец (декември), системот ќе генерира само опомени и предупредувања, без да се изрекуваат парични казни. Целта е граѓаните да се адаптираат на новиот начин на мониторинг пред целосната и строга примена на системот, која министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја најави за 1 јануари 2026 година.

Што точно ќе ловат камерите во првата фаза?

Супер Попуст -25%

Според најавите, во почетниот период радарите и камерите ќе се фокусираат на четири клучни прекршоци: возење со брзина поголема од дозволената, поминување на црвено светло, возење со истечена регистрација и непрописно паркирање. За имплементацијата на овој систем беа направени и законски измени кои овозможуваат дигитална комуникација, па известувањата за прекршоците ќе стигнуваат и преку мобилните телефони на граѓаните. Во следната фаза се планира проширување на спектарот на прекршоци што ќе бидат санкционирани електронски.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добредојде декември: Климатолошката зима започнува со сонце и 13 степени!

„Има добри шанси за договор“: Трамп оптимист по средбата на Флорида, Виткоф лета за Москва