
ХАОС НА ПАТИШТАТА: Снег го затвори Ќафасан, грчките земјоделци ја блокираа Меџитлија за камиони!
Четврток (8 јануари) започнува со сериозни проблеми за возачите и транспортерите. Покрај најавеното влошување на времето, сообраќајот страда и од „виша сила“ – протести кај јужниот сосед.
Блокади на границите (Снег и Протести)
- ГП Ќафасан (кон Албанија): Од 05:15 часот утринава воведена е забрана за тешки товарни возила поради интензивни врнежи од снег.
- ГП Меџитлија (кон Грција): Од 10:00 часот стартува целосна блокада за камиони која ќе трае 48 часа (до 10 јануари). Причината е штрајк на грчките земјоделци. Патничките возила (коли) засега поминуваат нормално.
Снег на превоите, одрони на Истокот
Супер Попуст -25%
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Во моментов снег паѓа во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Коловозите се влажни и лизгави.
Критични точки: Одрони и поплави
АМСМ предупредува на посебна внимателност на следниве правци:
- Македонска Каменица – Рудник Саса: Поради одрон се вози по една лента (200 метри).
- Делчево – Пехчево: Зачестени одрони и обилни дождови.
- Битола – Ресен: Опасност од излевање на „Голема Река“ на влезот во Ресен.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








