во

Врвно државно признание: Сиљановска-Давкова ја одликуваше научничката Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија ѝ го врачи високото државно одликување Орден „8 Септември“ на светски реномираната научничка и биохемичарка Светлана Мојсов, во знак на признание за нејзиниот историски придонес во развојот на глобалната наука и медицина.

Револуционерни откритија за лекување на дијабетес и дебелина

При врачувањето на орденот, Сиљановска-Давкова особено ја истакна долгогодишната научноистражувачка дејност на Мојсов. Нејзиниот извонреден придонес во синтезата на пептиди и клучните истражувања поврзани со глукагонот и глукагон-сличниот пептид 1 (GLP-1), денес претставуваат темел за најсовремените терапии кои се користат за лекување на дијабетес и дебелина низ целиот свет.

Супер Попуст -25%

„Со ова највисоко државно одликување ѝ оддаваме признание и благодарност за нејзиниот фундаментален придонес кон развојот на македонската наука во светски рамки, но и кон македонската афирмација во највисоките меѓународни интелектуални кругови. Со своето научно дело таа нè задолжи засекогаш како држава“, истакна претседателката.

Македонска гордост во светскиот научен врв

Светлана Мојсов е родена и израсната во Скопје, каде што го завршила своето основно и средно образование. Својот академски пат го продолжила со дипломирање на физичка хемија во Белград, а докторирала на престижниот Рокфелеров универзитет во Њујорк под менторство на нобеловецот Брус Мерифилд. Денес, таа работи како професорка на истиот универзитет.

„Имаме голема среќа и помалку незаслужена чест да се заблагодариме за големото дело на една научна хероина. Судбината решила таа да биде и наша, Македонка, родена во Скопје. Нејзиното потекло го потврдува принципот дека космичката мудрост никого не дискриминира, па и на малите заедници им подарува големи луѓе“, потенцираше Сиљановска-Давкова за професорката Мојсов, додавајќи дека државата има полно право да се гордее со нејзиното грандиозно дело.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прва средба на шефовите на дипломатиите на Германија и Русија од 2022: Разговорите меѓу Вадефул и Лавров завршија без напредок

Мицкоски бара вклучување на ЕУ: Билатералните средби со Бугарија досега не дадоа суштински резултати