во

Временска прогноза за денеска: Променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури до 26 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека утринските часови по котлините бележат појава на магла, а максималните дневни температури ќе се движат меѓу 19 и 26 степени.

Метеоролошка слика за денеска и Скопскиот регион

Според прогнозата, денеска во земјата ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец, додека во североисточните делови се очекува повремено засилување на ветерот. Минималните утрински температури се движат од 3 до 14 степени, а дневните максимуми ќе достигнат од 19 до 26 степени.

Супер Попуст -25%

Во Скопје и околината времето е променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура се спушти до 9 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне до 25 степени.

 

Прогноза за наредните денови: Стабилно време под влијание на висок притисок

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, во наредниот период продолжува периодот на релативно стабилно време со повеќе сончеви интервали во текот на денот. Утринските температури ќе бидат пониски, додека дневните ќе се задржат во границите на просекот за овој дел од ноември.

До недела ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, по што метеоролозите најавуваат промена на правецот кон јужни правец.

„Под влијание на поле со висок воздушен притисок следува период на релативно стабилно време со сончеви периоди во текот на денот. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наоди од минатото за време на изградба: При ископите на автопатот Битола–Прилеп пронајдени минофрлачки гранати од Првата светска војна

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 НОЕМВРИ: На некого му пропаѓа договорот на кој се радувал, а на некого токму тогаш му се посреќува