
Генерал Сирски со јасна порака до светот: „Нема предавање на територија – Украина ја брани цела Европа“
Врховниот командант на украинската армија, генерал Олександр Сирски, во ексклузивно интервју снимено во импровизирана команда на источниот фронт, испрати бескомпромисна порака: Украина нема да отстапи територија во каков било мировен договор. Тој предупреди дека Москва ги користи актуелните разговори (со посредство на САД) само како „параван“ за подготовка на нови офанзиви. Сирски нагласи дека „праведен мир“ може да постои само без услови и со запирање на линијата на допир, но без откажување од суверенитетот врз окупираните делови, бидејќи мисијата на армијата е одбрана на народот и земјата.
Битка за секој метар во Покровск и „војна на дронови“
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Спротивно на руските тврдења за целосна окупација, Сирски потврди дека украинските сили сè уште го контролираат северниот дел на стратешкиот град Покровск. Тој откри застрашувачки податоци за интензитетот на војната: Русија дневно лансира меѓу 4.000 и 5.000 дронови-камикази, на што Украина возвраќа со ист обем. На фронтот долг 1.255 километри се распоредени над 710.000 руски војници, кои трпат дневни загуби од над 1.000 луѓе. Генералот изрази и загриженост за можната промена на американската политика под Трамп, потсетувајќи: „Ние не ја браниме само Украина – ја браниме цела Европа. Ако ние не сме тука, други ќе мора да се борат“.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден








