
Познатата македонска водителка Лила уште еднаш покажа зошто важи за вистински синоним за жена борец и вечна инспирација за многумина. На неодамнешната конференција таа пред публиката отворено проговори за најтешките денови од својот живот, споделувајќи искуства што ги допреа срцата на присутните, а нејзината моќна порака набрзо расплака илјадници луѓе.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Сепак, она што особено го привлече вниманието беше една шокантна случка која досега ја криеше од јавноста, а која се случила токму во периодот кога најмногу ѝ биле потребни сила и мир.
Непознатата драма на Водно
Додека минувала низ најмакотрпниот период и терапиите, за време на една навидум обична прошетка на Водно, Лила доживеала непредвиден инцидент кога едно куче од расата питбул ненадејно ја зграпчило директно за устата.

Во својот препознатлив и храбар стил, таа и за оваа непријатна случка зборуваше со насмевка, шегувајќи се на своја сметка дека, покрај тоа што во тој период била без коса, малку фалело да остане и без лице, но за среќа ситуацијата брзо ја разрешила. Токму ваквиот однос кон животот, во кој и најтешките моменти се пречекуваат со хумор и ведрина, е она што ја прави нејзината приказна толку блиска и инспиративна за луѓето.
„Животот е убав и никогаш нема откажување“, порачува Лила.
Дека нејзината храброст остава длабока трага, сведочи и пораката што деновиве стигна до неа од една девојка која терапиите ги примала заедно со една 30-годишна девојка од Куманово, на која токму Лила ѝ била најголемата сила да издржи. Ваквите пораки се најдобриот доказ дека споделените приказни имаат моќ да ги крепат и оние што се борат во тишина, а самата Лила и натаму останува верна на својата животна филозофија – дека животот е убав и дека откажувањето никогаш не е опција.


