
Мрежа на злоупотреби: Штета за буџетот и пациентите
Според првичните информации, под истрага се одговорни лица од приватната болница „Санте“ и поранешни и сегашни вработени во Фондот за здравствено осигурување. Тие се сомничат за серија тешки кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Неофицијалните проценки од истрагата укажуваат дека предизвиканата штета врз државниот буџет надминува 1,5 милиони евра. Во исто време, противправно стекнатата материјална корист за приватната болница достигнува огромни 4 милиони евра. Освен финансиските малверзации, истрагата покажува дека преку овие незаконски дејствија биле оштетени и поголем број пациенти кои се лекувале во установата.
Ден Дончев првопријавен во милионскиот скандал
Како што дознаваат медиумите, првоосомничен во оваа обемна истрага е Ден Дончев, поранешен директор на ФЗОМ за време на претходната влада. Покрај него, на листата на осомничени се наоѓаат и Р.А. – поранешен претседател на Управниот одбор на ФЗОМ, како и В.Ќ., С.Б., С.А. и Г.А. – поранешни и сегашни управители и сопственици на инволвираната приватна болница.
Меѓу осомничените има и други поранешни и актуелни раководители во Фондот, вклучително и Ц.С. (поранешен раководител на Секторот за контрола), Ж.С. (поранешен директор на подрачната единица Скопје) и И.П. (сегашен раководител на скопската подрачна единица).
„Штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти“, потврдуваат извори од истрагата.


