
Дали треба да ги лажеме децата за Дедо Мраз? Психолозите конечно ја решија вечната дилема на родителите
Во време кога модерното општество преиспитува сè, на ред дојде и најомилениот дедо со бела брада. Родителите се растргнати помеѓу желбата да ја одржат магијата на детството и лекцијата дека лажењето е погрешно. Сепак, психолошките истражувања носат смирувачки вести: иако технички станува збор за „празнична лага“, таа не остава трајни последици врз односот родител-дете.
Краткотрајно разочарување без губење на довербата
Студиите покажуваат дека повеќе од 75 проценти од децата не ја губат довербата во родителите откако ќе ја дознаат вистината, што обично се случува околу седмата или осмата година. Разочарувањето е краткотрајно, а само кај незначителен процент (2%) е забележана зголемена недоверба. Децата најчесто сами го откриваат митот преку поставување логични прашања за тоа како Дедо Мраз успева да посети милиони домови за само една ноќ.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден







