
Денеска нè очекува променливо облачно време со подолги сончеви периоди и максимални температури до 10 степени, а по одделни котлини претпладне е можна магла.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека утринските температури ќе останат ниски. Минималните вредности се најавени во интервал од -2 до 2 степени, а дневните максимуми ќе се движат од 6 до 10 степени, што значи дека денот ќе биде релативно благ во споредба со утринскиот студ.
Скопје: Магла наутро, сончеви периоди преку ден
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне повторно е можна појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, додека максималната ќе достигне околу 7 степени.
Прогноза до почетокот на следната недела: Пораст, па врнежи
Според најавите, до сабота ќе се задржи променливо облачно време со постепен пораст на дневната температура, при што магла ќе има по одделни котлини. Пресвртот се очекува од сабота кон крајот на денот со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Недела и понеделник: Пообилни врнежи и снег на повисоките места
Пообилни врнежи се најавуваат во недела, особено во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места дождот ќе може да преминува во снег. Врнежите, според прогнозата, ќе продолжат и во понеделник, па се препорачува повнимателно планирање на патувањата и престојот на планина.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден








