
ДНК-траги, снимки и предмети во автомобил
Според неофицијални информации од истрагата, полицијата располага со цврсти докази против осомничените. Истражителите веќе обезбедиле снимки од надзорни камери, ДНК-траги од местото на злосторствата, како и конкретни предмети пронајдени во автомобил, за кои интензивно се испитува поврзаноста со двата случаи.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Првото убиство беше откриено на 22 октомври во населбата Хром, каде 62-годишен маж беше пронајден мртов со видливи траги на насилство. Само пет дена подоцна, на 27 октомври, во својот дом во Ѓорче Петров беше пронајдена убиена 76-годишна жена.
Улогите на осомничените и барањето за притвор
Досегашните сознанија укажуваат дека во едниот грабеж директно учествувале две лица, додека во другиот биле вклучени тројца. Четвртиот осомничен имал улога на возач кој ги превезувал останатите, а пред истражните органи тврдел дека не знаел за нивните вистински намери. Во неговото возило биле пронајдени јакна и други сомнителни предмети.
Министерството за внатрешни работи официјално потврди дека се приведени четири лица: А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58) од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица. За сите нив е побаран краткотраен притвор со цел комплетирање на доказниот материјал.
„Конкретните улоги на осомничените и информациите за доказите засега се неофицијални, а нивната евентуална вина треба да се утврди во судска постапка.“


