
Сирени во Москва пред Нова Година: Соборени 27 дронови, има и повредени
Руските власти известија за жестока ноќ над Москва, западна Русија и Крим. Министерството за одбрана тврди дека во само неколку часа (меѓу 20:00 и 23:00) уништиле вкупно 27 украински дронови. Гувернерот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, потврди дека над самиот регион биле соборени 21 летало, при што еден цивил е повреден.
Тензиите зовриваат: Киев тврди дека Москва бара изговор за прекин на преговорите
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Овие напади доаѓаат само 24 часа откако Кремљ ја обвини Украина за наводен обид за напад врз резиденцијата на Владимир Путин. Додека Русија тврди дека е под опсада, Киев категорично ги отфрла обвинувањата, сметајќи ги за „неосновани режии“ чија цел е да се саботираат најавените мировни преговори.


