
Хоророт се случил на 10 јули, на летот од Солун за Меминген во Германија. Според извештајот на Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (НТСБ), проблемите настанале за време на летот над македонскиот воздушен простор. Откако перка од вентилаторот на моторот се скршила кратко по полетувањето, откинатите парчиња удриле во трупот на авионот и скршиле прозорец.
„Ако умираме, ќе умреме заедно“
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Во инцидентот настрадал 61-годишниот српски државјанин Љубиша Каровиќ, чија глава и десно рамо биле извлечени надвор од авионот поради силната декомпресија. Неговата сопруга и останатите патници со огромни напори го држеле за нозете за да не излета, при што тој се здобил со сериозни повреди.
„Стјуардесите им рекле на истражителите дека слушнале и почувствувале гласни, континуирани вибрации и виделе чад или магла како ја исполнува кабината, пред маските за кислород да паднат од таванот. Потоа слушнале како еден патник бара помош и го виделе делумно излезен низ скршениот прозорец.“
Птици во моторот и вонредно слетување
Истражителите пронашле остатоци од птици во десниот мотор на „боингот 737-800“, што укажува на можен удар со птици при полетувањето. Пилотите претходно добиле предупредување за високи вибрации за време на искачувањето. По обидот да ги намалат со промена на моќноста, слушнале гласен тресок, по што прогласиле вонредна состојба и безбедно се вратиле на меѓународниот аеродром во Солун.
Иако моторот поминал ултразвучна инспекција во мај оваа година без никакви утврдени оштетувања, истрагата за точните причини за олабавување на перката сè уште е во тек.


