
Фудбалскиот свет е во шок откако еквадорската полиција потврди дека 33-годишниот дефанзивец на Барселона од Гвајакил, Марио Пинеида, е убиен во брутален вооружен напад.
Инцидентот се случил во областа Саманес, кога напаѓачи на мотор отвориле рафален оган врз фудбалерот, кој во тој момент бил во придружба на неговата мајка и уште една жена. Покрај Пинеида, животот го загубило уште едно лице, а трето е рането.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден

Ова убиство е само дел од бранот насилство што го зафати Еквадор, кој се соочува со најкрвавата година во својата историја. Според податоците, годинава се регистрирани над 9.000 убиства, што е драстичен пораст во споредба со претходните години, главно поради пресметките на криминалните организации поврзани со нарко-картелите.


