
Јавната установа „Area Marina Protetta Miramare“ од Трст објави снимки од необичен феномен на дното на Јадранското море кој ги изненади истражувачите – масовно собирање на виолетови морски ежови (Sphaerechinus granularis) на карпесто тло.
Оваа појава е крајно нетипична бидејќи овие ежови обично се осаменици кои живеат на песочно дно, додека на карпите вообичаено доминира друг вид, кој овојпат бил редок.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден

Научниците сметаат дека причината за ова несекојдневно собирање е миграција поврзана со исхраната. Имено, додека младите ежови се хранат на песокот, возрасните единки мигрираат кон карпите во потрага по побогата храна, како што се кафеавите алги. Присуството на голема количина на ваква храна најверојатно ги привлекла овие морски суштества да се групираат на едно место, создавајќи глетка каква што досега не била забележана во тој дел на Јадранот.


