
Нови документи за Епстајн ја тресат јавноста: Клинтон и Мајкл Џексон меѓу споменатите имиња
Министерството за правда на САД објави илјадници нови страници од досието на озлогласениот сексуален престапник Џефри Епстајн. Меѓу материјалите се наоѓаат и фотографии на кои, иако делумно цензурирани, јасно се препознаваат ликовите на поранешниот претседател Бил Клинтон и поп-иконата Мајкл Џексон. Овој потег предизвика бура во јавноста, особено поради фактот што голем дел од клучните докази остануваат скриени.
Стотици страници целосно „зацрнети“
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Иако документите се официјално објавени, најмалку 550 страници се целосно редактирани и недостапни за читање, вклучувајќи и записници поврзани со соработничката на Епстајн, Гислен Максвел. Од Министерството тврдат дека масовната цензура е неопходна за да се заштитат идентитетите на жртвите и да не се загрозат тековните истраги, процес на кој работеле повеќе од 200 адвокати.


