
Магија на шините: Дедо Мраз пристигнува во Скопје со легендарниот „Ориент Експрес“ и реставрираниот „Шпанец“
Вистинска празнична бајка започнува вечерва на Железничката станица во Скопје. Од денес па сè до 30 декември, со почеток во 19 часот, најмладите ќе можат да уживаат во интерактивниот спектакл „Дедо Мраз дојде со воз“. Настанот вклучува театарска претстава, разгледување на музејската поставка и возбудливо исчекување на најсаканиот дедо од Лапонија кој пристигнува со волшебен воз.
Подароци за сите и возење низ градот
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Организаторите подготвија вистинско изненадување – употреба на локомотива од далечната 1942 година и вагон уреден по теркот на славниот „Ориент Експрес“. Како посебен куриозитет, посетителите ќе имаат можност да се возат низ Скопје со неодамна реставрираниот воз „Шпанец“. За секое дете во вагонот е обезбеден подарок од Дедо Мраз, а билетите веќе се пуштени во продажба на билетарницата на станицата.


