
Од политика до крипто-империја: Богатството на Ерик Трамп скокна десеткратно по враќањето на татко му во Белата куќа
Според најновата анализа на престижниот магазин „Форбс“, Ерик Трамп, вториот најстар син на американскиот претседател, доживеал неверојатен финансиски подем, зголемувајќи го своето лично богатство за десет пати откако Доналд Трамп се врати на власт. Иако Ерик веќе девет години раководи со семејниот бизнис, тој не поседува удел во традиционалните недвижности на „Организацијата Трамп“. Наместо тоа, тој се покажа како „најдобар ученик“ во лекцијата како политичката слава се претвора во капитал, достигнувајќи нето вредност од околу 400 милиони долари, што го прави најбогат меѓу браќата и сестрите.
Златната кока: „Американ Биткоин“ и крипто-проектите
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Клучот за неговиот успех лежи во дигиталните валути. Најголемиот дел од неговото богатство доаѓа од уделот во компанијата „American Bitcoin“, која се занимава со ископување (мајнинг) и чување криптовалути. Со резерви од 3.418 биткоини (вредни 320 милиони долари) и пазарна вредност на компанијата од над 2 милијарди долари, уделот на Ерик од 7,3% денес вреди околу 160 милиони долари. Дополнително, неговиот удел во новиот проект „World Liberty Financial“, лансиран со татко му и браќата пред изборите, му донел уште 135 милиони долари. Ерик, кој има амбиција да ја направи својата фирма „најдобра крипто компанија во светот“, ја оспори проценката на „Форбс“, но не даде детали зошто.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








