во ,

Жештината не попушта: До 39 степени, попладне можни грмежи

Температурите повторно ќе се искачат до 39 степени, а попладне во планинските предели е можен краткотраен дожд.

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува низ земјава. Максималната температура ќе достигне од 33 до 39 степени, додека утринските вредности ќе се движат меѓу 11 и 22 степени.

Супер Попуст -25%

Во попладневните часови, главно во планинските региони, ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје до 38 степени

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 17 степени, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Жештината продолжува, локално можни поројни врнежи

Периодот на сончево и многу топло време ќе продолжи и во следните денови. Во некои места дневната температура ќе се искачи до 40 Целзиусови степени.

Попладне ќе постојат услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Жерновски тврди дека власта тајно го прифатила Францускиот предлог!

Хороскоп за 6 август: На Близнаците сè им тргнува