во ,

За шест часа собрани 3,1 милиони денари, затворена кампањата за лекување на малата Ана

За само шест часа, Македонија покажа што значи заедништво: собрани се 3,1 милиони денари и кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева е официјално затворена.

Веста ја објави доктор Ненад Лазаров, посочувајќи дека станува збор за една од најбрзите и најмасовни хуманитарни акции во последниот период. Со собраните средства целосно се обезбедува потребното за хируршка интервенција и лекување во странство, а семејството добива барем финансиско олеснување во најтешките денови.

Редок и агресивен тумор, времето беше најголемиот непријател

Супер Попуст -25%

Кај Ана е дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите со зафатена орбита, а дијагнозата е потврдена во Хрватска. Поради сложеноста на случајот се бара специјализиран хирург за деликатна операција, при што секој ден значеше многу, па кампањата беше означена како најитна досега.

„Цела држава стана за тебе“, поддршката продолжува

Масовниот одѕив за неколку часа испрати силна порака дека кога станува збор за живот на дете, луѓето знаат да се сплотат без калкулации. „Секоја среќа ти посакуваме, Ана. Цела држава стана за тебе“, порача Лазаров, додавајќи дека поддршката за девојчето и нејзините родители ќе продолжи и понатаму.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп со жестока порака до Иран, смената на режимот како „најдобро сценарио“

Може ли Свети Трифун да се заљуби, а Свети Валентин да се опие?