во ,

Збогум за симболот на Загреб: „Вјесник“ дефинитивно оди во историјата, ќе се урива!

По проверката и мерењето на конструктивната состојба на облакодерот на „Вјесник“ во Загреб, по минатонеделниот пожар, градежните инженери препорачаа тој дефинитивно да се урне.

Министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот, Бранко Бачиќ, потврди дека е потребно да се продолжи со отстранување на облакодерот поради ризикот од уривање. Ќе се изготви проект за уривање, по што ќе следи јавна набавка и самото отстранување на објектот. Иако постоела желба зградата да се спаси, исцрпниот извештај покажал дека тоа не е безбедно.

„Ризик од спонтано уривање“

Супер Попуст -25%

Градежниот инженер Марио Урош истакна дека облакодерот треба да се отстрани итно. „Сите мерења укажуваат дека има сериозни штети. Има обемни физички оштетувања на столбовите, а источниот дел е многу оштетен“, рече тој. Бидејќи голата структура сега е изложена на дожд и снег, постои ризик од ширење на бетонот и спонтано уривање доколку се чека предолго.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Оди дома, бремена си“: Директорот ја отпуштил, таа од стрес го изгубила бебето во 7. месец!

„Црниот бисер“ фатен над Балтикот: Италијански „Тајфуни“ пресретнаа редок руски авион