во ,

Зеленски: „Дружба“ не може брзо да се санира

Поправките на нафтоводот „Дружба“ не можат брзо да се завршат, изјави Володимир Зеленски, поради штетите предизвикани од руските напади врз енергетската инфраструктура

Испораките на руска нафта за Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, кога, според Киев, бил оштетен дел од системот во западна Украина. Будимпешта и Братислава ја обвинија Украина за прекинот, додека украинските власти тврдат дека станува збор за последица од руски воени дејства.

Напади врз енергетскиот сектор

Супер Попуст -25%

Зеленски нагласи дека ова не е прв напад врз клучната инфраструктура и дека руските сили продолжуваат да го таргетираат енергетскиот сектор. Според него, уништениот дел од цевководот ја поврзува трасата од Одеса со системот „Дружба“.

Притисоци од Европската унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при посетата на Киев побара забрзување на поправките. И покрај воените услови, Украина досега продолжи со транзит на руска нафта преку својата територија, иако го запре транспортот на руски гас.

„Дружба“ е една од главните рути за испорака на руска нафта кон Унгарија и Словачка уште од 1960-тите, што го прави неговото повторно активирање прашање со сериозни економски и политички последици.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вучиќ го посети Дачиќ: Состојбата е подобра

Ким Џонг Ун со остро предупредување до Сеул