во ,

„Злато и милиони во сеф во Белград“: Каде завршиле украдените пари од РЕК Битола?

Криминал „тежок“ 1,7 милиони евра во РЕК Битола: Обвинети директори и бизнисмени за наместен тендер

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за тешки злоупотреби во РЕК Битола. Петмина од обвинетите (директори и раководители) се теретат дека во 2023 година наместиле тендер вреден над 100 милиони денари за дислокација на опрема од рудникот „Осломеј“. Истрагата покажала дека системот бил технолошки несоодветен и непотребен за РЕК Битола, а целта била само да се испумпаат пари за фаворизирана фирма.

Наплаќале за незвршена работа, парите ги криеле во сефови во Белград

Супер Попуст -25%

Скандалот добива меѓународни димензии. Обвинетите потпишувале лажни документи дека работата е завршена, иако опремата стоела расфрлана низ комбинатот. ОЈО Битола успеа да лоцира и замрзне голем имот: 1,2 милиони евра, злато и швајцарски франци биле најдени во банкарски сеф во Белград, додека во домашни банки се блокирани над 500.000 евра. Замрзнати се и 10 камиони купени во Србија. За првоосомничениот сопственик на фирмата е побарано продолжување на притворот поради ризик од бегство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Илон Маск е 23-та економија во светот: Погледнете кои држави ги „прешиша“ со 726 милијарди

Скапо платено фијаско: 600 дронови завршија во морето наместо да блескаат над Будва