
Ограничувањето од 50 литри гориво по возило на дел од бензинските станици не е случајно, туку мерка воведена за да се спречи евентуален недостиг на деривати. Во последните денови е забележано нагло зголемување на побарувачката, што на одредени локации доведе до краткотрајни прекини во точењето гориво.
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Стојкоски, изјави дека во изминатите три дена биле извршени повеќе од 270 инспекциски контроли низ државата. При проверките било утврдено дека кај околу дваесет бензински станици имало привремен недостиг на гориво, кој траел од еден до два часа додека се дополнат резервоарите.
Побарувачката нагло пораснала
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Според инспекторатот, главната причина за ваквата состојба е наглото зголемување на потрошувачката, која во одредени случаи достигнала и четири пати повеќе од вообичаеното.
Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека особено во пограничните општини се забележува голем притисок од возила од соседните држави.
Горивото во Македонија значително поевтино
Причината за тоа е разликата во цените на горивата во регионот. Додека во Србија дизелот достигнува 120 до 130 денари за литар, во Македонија цената е околу 71 денар, што привлекува возачи од соседството.
Ова довело до значително зголемување на потрошувачката на бензинските станици, особено во близина на границите.
Законски лимит за точење гориво
Стојкоски објасни дека ограничувањето од 50 литри е законска мерка која постои подолго време. Таа била воведена по случаи кога странски камиони точеле и до два тони гориво и веднаш ја напуштале државата.
Со ова ограничување се настојува да се обезбеди доволно гориво за домашните потрошувачи и да се спречи евентуален недостиг.
Можно интервенирање на Владата
Регулаторната комисија за енергетика во понеделник ќе донесе нова одлука за цените на горивата. Премиерот најави дека Владата е подготвена да интервенира доколку дојде до поголем скок на цените, преку намалување на акцизата или ДДВ.
Цените на нафтените деривати ќе продолжат да се утврдуваат еднаш неделно, со цел да се обезбеди стабилност на пазарот и сигурно снабдување.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден








