во ,

Иран во пламен: Демонстрантите ја запалија статуата на Сулејмани, се бара смрт за Хамнеи!

ОПШТ ХАОС ВО ИРАН: Се извикува „Смрт за Хамнеи!“, над 40 мртви, а Трамп се заканува со воена интервенција!

Исламската Република гори. Она што започна како економски бунт поради инфлацијата, вечерва прерасна во сеопфатна револуција против режимот. Билансот е крвав – над 40 загинати, вклучувајќи и припадници на полицијата, додека протестите се проширија на неверојатни 348 локации во сите 31 иранска провинција.

Супер Попуст -25%

„Смрт за Хамнеи“ и пад на симболите

Снимките кои успеваат да се пробијат низ интернет блокадата се шокантни.

  • Демонстрантите директно го напаѓаат врховниот лидер со извици: „СМРТ ЗА ХАМНЕИ!“.
  • Во провинцијата Фарс е урната и запалена статуата на генералот Касем Сулејмани, националниот херој на режимот.
  • На повеќе места се веат знамињата на протераниот престолонаследник Реза Пахлави.

Трамп: „Ќе удриме многу силно“

Американскиот претседател Доналд Трамп не остана нем. Од претседателскиот авион тој упати директна закана до Техеран:

„Внимателно ја следиме ситуацијата. Ако Иран продолжи насилно да убива демонстранти, САД ќе удрат многу силно и ќе дојдат на помош.“

Режимот егзекутира „шпиони“ и нуди пари

Во обид да ја задржи контролата, Техеран повлече два очајнички потези.

Прво, јавно е егзекутиран Али Ардестани, обвинет дека е шпион на Мосад. Второ, владата понуди тројно повисоки субвенции за храна (околу 7 евра плус) за да го смири гладниот народ, но се чини дека е предоцна за економски мерки.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Милановиќ: Хрватска нема да испраќа војници во Украина, тоа е конечна одлука!

Пекол во Тирана: Голем пожар го голта градот, повикана е Армијата на помош!