во , , ,

Ископала компир кој личи на нејзиното куче: „Уште се смеам“

Градинарка од Велика Британија ископала компир кој бил сличен на нејзиното куче, а фотографиите воодушевиле многумина на социјалните мрежи.

Џоане Гудгер (47) од Атерстон вели дека фотографијата му ја испратила на нејзиниот партнер, кој искоментирал дека компирот изгледа исто како нивното куче Дејв.

Гудгер истакнала дека не сакале да го изедат тој компир, бидејќи ‘такво ремек дело тешко се наоѓа’.

Реклама

„Сè уште се смеам, бидејќи никогаш повеќе нема да одгледам компир кој изгледа како моето куче“.

Џоане открила дека нивното куче боледува од неизлечива болест, па оваа интересна случка многу ги расположила.

Фотографијата од компирот одлучила да ја сподели во неколку Фејсбук групи и истата станала хит.

„Сите се шегуваа во коментари дека ќе бидат внимателни кога ќе копаат компири за случајно да не ископаат куче“, рекла таа.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Познати личности кои имаат над 50 години и сѐ уште воодушевуваат со своите тела

Првиот и единствен дрвен суперавтомобил во светот