во

Казнети возачите што блокираа булевар во скопски Аеродром за време на свадба

Министерството за внатрешни работи ги идентификуваше и санкционираше возачите кои за време на свадбена веселба целосно го блокираа сообраќајот на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.

Реакција по објавено видео во медиумите

Полициската акција следуваше откако во дел од медиумите и на социјалните мрежи почна да се споделува видеоснимка на која јасно се гледа како неколку возила свесно го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот на една од најфреквентните сообраќајници во Скопје.

Супер Попуст -25%

Вчера, во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, повикани се четири лица кои управувале возила со скопски регистарски ознаки:

  • Д.Г. (28) – управувал патничко возило марка „Ауди“
  • М.П. (25) – управувал патничко возило марка „БМВ“
  • Љ.Б. (48) – управувал патничко возило марка „Ауди“
  • С.С. (23) – управувал патничко возило марка „Сузуки“

Соодветни законски мерки

По извршениот разговор и утврдувањето на фактите, полицијата веднаш презеде мерки против сторителите кои со своето однесување ја загрозиле безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

„Кон лицата преземени се соодветни мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за сторен сообраќаен прекршок и тие ќе се соочат со законски предвидените глоби“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Руски ракетен напад кај Харков: Загинаа три лица, меѓу кои и тинејџери, 25 се повредени

Филмска потера на автопатот Скопје – Тетово: Осомничени за дрога се обиделе да прегазат полицајци и им украле оружје