
Трета среќа за Курти: Убедлива победа од 49,3% за крај на политичката агонија
По речиси една година политичка блокада, Албин Курти и неговото движење „Самоопределување“ прогласија историска победа на вонредните избори во Косово. Со освоени речиси половина од гласовите (49,3%), Курти вети експресно формирање на влада. Иако му недостасуваат малку пратеници за самостојно владеење, овојпат патот до коалиција со малцинските партии изгледа многу поизвесен отколку во февруари.
Милијарда евра чекаат потпис: Опозицијата најави конструктивност
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Влогот е огромен – Косово итно мора да избере претседател во април и да деблокира заем од една милијарда евра од ЕУ и Светска банка, кој е во опасност да пропадне. Лидерите на опозициските ДПК (21%) и ЛДК (13,6%) овојпат го признаа поразот, сигнализирајќи дека нема да ја опструираат волјата на гласачите за да се избегне нова криза.


