
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, му нудела пари на новинарот Драган Павловиќ-Латас.
Целта на понудата, според Латас, била соборување на премиерот Христијан Мицкоски. Ова тој го тврди во неговото гостување во поткастот „Проверитас“. Според неговата изјава, понудата била дадена пред четири сведоци.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Латас раскажа и детали од средбата. „Доаѓа Данела, имаме понуда на маса,“ раскажува тој. Нејзиниот разговор, според него, бил следниот: „Јас сум другарка со американската амбасадорка.“
„Се знам со неа уште пред да биде амбасадорка.“ „Ќе има проекти за борба против корупцијата.“ „Ќе има пари, сакам да соработуваме,“ наводно му рекла Арсовска. Латас на крајот истакна дека тој ја одбил оваа понуда.


