
Голгота на гинеколошкото одделение
Случајот со бремената пациентка кој ја разбранува јавноста е силен аларм за катастрофалните состојби во охридската болница. Од политичката партија Левица информираат дека до нив пристигнуваат и други сведоштва за голготата на пациентите, особено на гинеколошкото одделение, што отвора сериозни прашања за способноста на директорот Горан Маркоски да ја менаџира установата.
„За ваквата состојба сведочи и друга бремена пациентка, која се пожалила за нехуман однос во болницата и одбивање да биде прегледана, поради што и во овој случај била принудена да оди во приватна болница. Кога пациентите се принудени да чекаат со часови и да бараат помош во приватни болници, тоа е доказ за целосна неспособност на кадарот поставен за раководење.“
Здравјето не е партиска калкулација
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Опозициската партија упати директно барање до министерот за здравство Сашо Клековски итно да го разреши директорот Маркоски. Дополнително се бара и независен инспекциски надзор во охридската болница поради алармантната состојба, како и утврдување на строга персонална одговорност за секој евентуален пропуст во лекувањето.
„Директорската функција не е партиска награда, туку одговорност за човечки животи. Здравството не е место за партиски кадри и политички заслуги, а животите и здравјето на граѓаните не смеат да зависат од политички калкулации“, децидни се од Левица.


