
Битолчанка и Естонец стоеле зад лажната инвестициска мрежа
До Основното јавно обвинителство Битола е поднесена кривична пријава против 56-годишната М.К. од Битола и 38-годишниот А.С. од Естонија поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничените дејствувале во периодот од декември 2025 до април 2026 година. Преку мобилна апликација и комуникациски канал со неколку стотици претплатници, тие ги убедувале жртвите да уплаќаат средства, ветувајќи им сигурни и високи приноси кои никогаш не биле исплатени.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Иако до полицијата официјално биле доставени само пет пријави од измамени лица, деталната анализа на финансиските податоци од трансакциската сметка на првопријавената покажала дека бројот на оштетени граѓани е значително поголем. Станува збор за стотици лица ширум државата, од кои најголемиот дел не го пријавиле случајот во полиција.
Меѓународна истрага и следење на криптопаричници
За расчистување на оваа софистицирана измама била спроведена повеќемесечна истрага во соработка со домашни и странски институции. Полицијата извршила претрес и одзела електронски уреди од битолчанката, од кои преку форензичка анализа се обезбедени клучните докази. Поради меѓународниот карактер на кривичното дело, инспекторите вршеле и сложена анализа на криптотрансакции преку меѓународни безбедносни платформи, со што успешно бил идентификуван сопственикот на криптопаричникот.
„Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни со понудите за брза и лесна заработка преку интернет. Лажните инвестициски платформи често изгледаат професионално, а измамниците користат лажни профили за да убедат вложувања во криптовалути“, предупредуваат од МВР.


