
Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, е познат по својата достапност кон фановите. Без оглед на тоа каде се наоѓа, ретко кој пропушта шанса да направи селфи со него.
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
На последниот натпревар на Интер Мајами, еден млад фан одлучи да ја ризикува казната и да истрча на теренот за да се фотографира со својот идол. Меси веднаш се согласи да позира за слика, но кога забележа дека обезбедувањето е на пат да го фати момчето, реши да направи нешто неочекувано – го одгурна нежно, обидувајќи се да му овозможи да побегне.
Иако момчето не успеа да избегне, обезбедувањето го фати, а најверојатно неговите родители ќе се соочат со казна. Но, она што навистина нема цена е селфито со Меси и моментот кога големиот играч се обиде да го спаси – спомен што ќе го памети цел живот.
View this post on Instagram


