
Мицкоски триумфално: „Го вративме името! Дури и на Венко Филипче му исчезна ‘Северна’ од устата“
Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за „Сител“ изјави дека неговата влада успеала фактички да го „врати името“ во секојдневна употреба, користејќи го како главен аргумент однесувањето на опозицијата. Според него, критиките дека не го поништил Преспанскиот договор паѓаат во вода бидејќи реалноста е променета. „Ги гледам, велат не можело да му се верува на Мицкоски. Па, еве – го вративме. Па, дури и Венко, кому му беше устата полна со ‘северна’, сега користи само Македонија“, истакна премиерот.
„СДСМ потпиша капитулација, а сега глумат патриоти“
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Мицкоски упати остри критики кон СДСМ, обвинувајќи ги за лицемерие. Тој потсети дека токму тие ги потпишале, како што рече, „капитулантските договори“ со Грција и Бугарија, а денес се однесуваат како најголеми патриоти. „Мислиш ќе тргнат да освојуваат територии, до таму устата им е полна со Македонија, ниту еднаш не кажале Северна“, рече Мицкоски. На забелешката дека уставното име формално сè уште е „Северна“, премиерот одговори дека опозицијата води лоша и лажна кампања, која на крајот ќе им се „удри од глава“ на изборите.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден








