
„Година на калкулатори“: Мицкоски тврди дека 2026 ќе биде подобра, на граѓаните им фалат 5.000 денари за преживување
Додека граѓаните ја испратија 2025-та со калкулатор во рака, премиерот Христијан Мицкоски шири оптимизам. Тој уверува дека оваа година ќе биде економски подобра бидејќи Владата води „внимателна политика“ и ги напушта популистичките мерки. Мицкоски најави и „жестоки драконски казни“ за трговците кај кои ќе се утврдат нефер практики, тврдејќи дека сиромаштијата се намалува преку растот на платите и пензиите.
Експертите и Синдикатот со „ладен туш“
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Реалноста на терен е поинаква. Благица Петрески од „Finance Think“ предупредува дека базната инфлација е закована на високи 5.2 отсто. Уште поалармантен е податокот од Сојузот на синдикати (ССМ): на едно просечно семејство месечно му недостасуваат најмалку 5.000 денари само за основни прехранбени продукти. Македонија и понатаму има двојно повисока инфлација од просекот на ЕУ и останува на дното во регионот според висината на минималната плата.


