
Полека ни се приближува една од најчестите слави, Аранѓеловден, кој оваа година (бидејќи паѓа во петок) го одбележуваме со посна трпеза.
Славскиот колач е симбол на почит, традиција и љубов. За да не се грижите дали ќе ви успее, ви го пренесуваме наједноставниот рецепт за посен славски колач кој е мек како душа и сигурно ќе ѝ успее на секоја домаќинка.
Состојки за колачот:
- 1 кг брашно (тип 400)
- 500 мл кисела вода
- 40 г свеж квасец
- 4 лажички шеќер
- 3 лажички сол
- 9 лажици масло
Супер Попуст -25%
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
За украсите: 100 г брашно, 100 мл вода и малку сол (се меси тврдо тесто).
Подготовка:
- Загрејте ја киселата вода да биде млака, додајте шеќер и квасец да стаса. Замесете мазно тесто со останатите состојки и оставете го да го удвои волуменот.
- Поделете го тестото: од еден дел направете плетенка за ивицата на намрсениот калап, а во средина ставете ја другата топка тесто.
- Тајната за сјај: Премачкајте го колачот со провриена смеса од 200 мл вода и 2 лажици брашно (ова служи и како лепило за украсите).
- Залепете ги украсите (направени од тврдото тесто од брашно и вода) и оставете го колачот да нарасне уште 30 минути.
- Печете на 200 степени 15 минути, потоа намалете на 180, покријте со хартија за печење и печете уште 30 минути.
Кога ќе го извадите, премачкајте го со мешавина од масло и топла вода за дополнителен сјај и мекост.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден








