
На небото над северна Белгија и Холандија е забележана ретка појава – поларна светлина (Аурора Бореалис), која овојпат беше обоена во необична розова боја.
На социјалните мрежи се појавија бројни фотографии на небото прекриено со розова светлина, за разлика од вообичаената зелена боја. Експерти за телевизијата ВРТ објаснуваат дека бојата на Поларната светлина зависи од тоа колку длабоко наелектризираните честички продираат во земјината атмосфера. Тие додаваат дека човечките очи се многу почувствителни на зелената светлина, па затоа почесто луѓето ја гледаат таа боја, отколку розовата.
Повеќе од само светлина – последица од масивна сончева експлозија
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Причина за појавата на оваа светлина толку јужно е масивна експлозија на Сонцето од пред неколку дена, која предизвикала сончеви бури што испратиле наелектризирани честички кон Земјата. Првите честички се судриле со земјината атмосфера во вторникот вечерта.
Вообичаено оваа светлина се јавува на небото само во рамки на Поларниот круг, но во последниве години ваквите светлосни појави сè почесто се забележуваат и јужно од оваа замислена линија. Активностите на Сонцето циклично го достигнуваат својот врв на секои 11 години, а тие деновиве се во полн ек.


