
Николоски во Вашингтон: говор во Светска банка и средби во Стејт департментот
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во наредните три дена престојува во Вашингтон, каде што ќе има работни средби во Светска банка и во Стејт департментот. Посетата е фокусирана на инфраструктурната соработка и економското партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Николоски ќе учествува на годишниот меѓународен форум „Transforming Transportation 2026“, каде што е поканет како еден од главните говорници.
Обраќање за стратешките транспортни коридори
На главната пленарна сесија, Николоски ќе има обраќање заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас. Темата на неговото излагање е „Коридори за одржливо поврзување“, при што ќе се зборува за значењето на пан-европските транспортни коридори во Македонија.
Во фокус ќе бидат инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, особено изградбата на нови автопатски делници, како и плановите за брза железничка пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија преку Коридорот 8.
Средби со Светска банка
За време на посетата се планирани и средби со раководството на Светска банка, каде што ќе се разговара за тековните и идните инфраструктурни проекти што Македонија ги реализира во партнерство со Банката.
Очекувањата се разговорите да бидат насочени кон можностите за нови инвестиции и финансиска поддршка за транспортниот сектор.
Контакти во Стејт департментот
Покрај економските теми, Николоски ќе има и средби со високи претставници во Стејт департментот. На агендата се прашања поврзани со економската соработка, инвестициите и партнерството меѓу Македонија и САД.
Во рамки на посетата се предвидени и разговори со претставници на Републиканската партија, како дел од дипломатските и политичките контакти во Вашингтон.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден








