во

НОВИ РЕСТРИКЦИИ ВО НОРВЕШКА: Се најавуваат построги правила за паметните очила поради загрозување на приватноста!

Норвешка планира драстично да го ограничи користењето на паметните очила и сличните носливи технолошки уреди, предупредувајќи дека тие сериозно ја загрозуваат приватноста и безбедноста на податоците на граѓаните.

Според информациите објавени од Euronews, Министерството за дигитализација на Норвешка соопшти дека бараведување построга регулатива за уредите опремени со вградени камери, микрофони и екрани за проширена реалност. Јавниот и приватниот сектор се повикани итно да ги преиспитаат своите внатрешни упатства за употреба на ваква опрема на јавни места.

Можна забрана за препознавање лица и формирање експертска група

Супер Попуст -25%

Норвешката министерка за дигитализација и јавна администрација, Кариане Тунг, нагласи дека технологијата нози нови ризици од надзор. Таа најави дека новите закони би можеле целосно да ги забранат контроверзните функции како што е автоматското препознавање на лицата на други луѓе на јавни места, додека министерството ќе формира и посебна експертска група за соодветна регулатива.

„Гледаме дека новата технологија ја загрозува приватноста и заштитата на податоците. Затоа ќе ги регулираме паметните очила и сличните уреди построго отколку порано,“ истакна министерката Тунг.

Поделени мислења во јавноста

Додека критичарите и експертите за приватност алармираат за потенцијалната злоупотреба на паметните очила за неовластено снимање и следење, застапниците на технологијата ја истакнуваат нивната голема корист. Особено се нагласува значењето на овие уреди како помошна технологија за слепите лица и лицата со оштетен вид, што отвора дебата за наоѓање рамнотежа меѓу иновациите и правата на граѓаните.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТАЈНА МИСИЈА ВО МОСКВА: Откриено зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, ненадејно го посети Кремљ!

🚨 ТРАГЕДИЈА ВО ФРАНЦИЈА: Автомобил со голема брзина удри во група луѓе во Кан, едно лице загина, десетмина повредени!