во ,

Од воена база до рај за богатите: Кушнер и Иванка вложуваат 1 милијарда долари во Сазан

Трампов зет гради „Балкански Малибу“: Што ќе никне на мистериозното воено острово Сазан?

Островот Сазан, некогашна тајна воена база и „ничија земја“ на влезот во Валонскиот залив, наскоро може да стане игралиште за светската елита. Албанската влада подготвува договор за закуп на 99 години со Џаред Кушнер (зет на Доналд Трамп) и Иванка Трамп, кои планираат инвестиција од над 1 милијарда долари за трансформација на ова диво парче земја во супер-луксузен ресорт.

Како започна сè?

Супер Попуст -25%

Љубовта кон Сазан се родила пред четири години за време на летен одмор. Клучна фигура во приказната е Аурон Таре (сегашен директор на Службата за крајбрежје), кој организирал ексклузивна тура за парот Кушнер-Трамп, вклучувајќи ручек со премиерот Еди Рама. Рама, кој лично го познава Доналд Трамп, го пречекал проектот со раширени раце, гледајќи шанса за привлекување капитал од САД и Блискиот Исток.

Што предвидува планот?

Кушнер, поддржан од саудиски капитал, планира драстична трансформација на островот кој сега е дом на зајаци, желки и стари борови:

Луксузни хотели и приватни вили.

Ексклузивна марина и хелиодром.

„Ексклузивна рекреативна зона“ за илјадници богати гости. Освен Сазан, планот вклучува и развој на Звернец (полуостров кај Валона).

Еколозите бијат тревога: „Ќе потонеме под бетон“

Додека власта ветува „нова ера“, еколозите се ужаснати.

Орнитолозите предупредуваат: Лагуната кај Валона е клучна точка за миграција на птиците во Медитеранот.

Бетонизација: Активистите стравуваат дека Албанија ќе стане „перална за пари“ и дека непромислената градба на нестабилен терен (како Карабурун) може да доведе до катастрофални свлечишта.

Затворен клуб: Експертите се сомневаат дека локалното население ќе има корист, предвидувајќи „ексклузивни населби од затворен тип“ каде обичниот човек нема да има пристап.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тајната на Луштица: Тунелот кај селото Росе каде Југославија ги криеше своите подморници

Митровиќ се „отворија“: Кристина доби чанта од крокодилска кожа вредна цело богатство