во

Од етикетата „сељак“ во Тетово до елитата на САД: Неверојатната животна приказна на професорот Тони Симовски!

Од навредувано дете во тетовско Прељубиште до најнаградуван професор во Мичиген! Животната приказна на Тони Симовски личи на холивудски трилер со ФБИ проверки, американски воени мисии и бескомпромисна одбрана на сопствените корени.

Во искрениот разговор со водителката Марија Главчева во поткастот „Марија во Америка“, Симовски ги отвори најинтригантните поглавја од својот живот. Роден во Детроит, тој на 11-годишна возраст се враќа во тетовското село Прељубиште, каде на натпревар по географија се соочува со сурова предрасуда и етикетата „кој е овој сељак што ги победи децата од градот“. Но, токму тој инает ќе го однесе до самиот светски врв во неговата професија.

„Очите и ушите“ на американската армија

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

По враќањето во САД, тој завршува политички науки и историја. Во 1998 година, откако поминува ригорозни безбедносни проверки од ФБИ, Тони станува специјален преведувач на американската армија во Македонија. Бидејќи зборувал дури пет јазици, тој бил клучна алка на теренот, смирувајќи ги тензиите во кумановските села, иако често се соочувал со недоверба од мештаните.

„Најголемата одлука ја носи во октомври 1998 година. Кога забележал дека се подготвуваат тензични настани кон Србија, веднаш се повлекол од мисијата – одбил да биде таму поради своето српско потекло по мајка.“

Американскиот сон и болната вистина за татковината

Иако поради својата принципиелна одлука со години добивал непријатни и заканувачки пораки од непознати лица, Тони не се откажал од својот пат. Денес, 27 години подоцна, тој е еден од најнаградуваните професори по политика во Мичиген и соработник на престижната Конгресна библиотека на САД. Заедно со сопругата Натали ги учат синовите Александар и Никола за нивните корени, но Симовски е брутално искрен: загадувањето, колабираното здравство и нередот се главните причини поради кои иселениците многу тешко се одлучуваат за трајно враќање во Македонија.

Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мајкрософт постепено се враќа во нормала: Глобалниот прекин донесе штети од 7 милијарди долари

Злато за Македонија! Нелсон Узеир го победи Србинот и стана европски шампион во Скопје!