во ,

Од „Куку Леле“ до „Два Бона“: Музичка фешта за сите генерации во центарот на Скопје

Скопје спрема спектакуларен дочек: Каролина, Пајак и „Куку Леле“ ќе грмат на плоштадот за Нова Година

Плоштадот „Македонија“ ќе биде епицентарот на забавата за дочекот на 2026 година, а Град Скопје оваа година се одлучи за проверен рецепт – 100% македонски музички ѕвезди. На најлудата ноќ, скопјани и гостите ќе ги забавува вистинска музичка елита: од поп-дивите Каролина Гочева и Тамара Тодевска, преку легендарните „Куку Леле“ и Миле Кузмановски, па сè до идолите на новата генерација – Пајак, Два Бона и Лара.

„Зимска бајка“ секој ден до 31 декември

Супер Попуст -25%

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека празничната магија веќе започна. Во периодот од 15 до 31 декември, центарот на градот ќе живее секој ден од 18 часот со музички настапи и диџеј сетови, додека викендите (од 12 до 14 часот) се резервирани за децата со анимации и работилници. „Скопје конечно ќе покаже дека може да биде весел, модерен и динамичен град, кој наликува на светска метропола во срцето на Балканот“, порача Ѓорѓиевски.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Слаткото“ суштество е смртоносно: Експерт за антиквитети држеше во рака отровен октопод

Утре е Света Варвара: Денот почнува да расте, а соништата се чуваат во тајност