
Силно невреме и олуен ветер во Бразил урнаа реплика на американската Статуа на слободата висока 24 метри.
Инцидентот се случил во градот Гуаиба, во сојузната држава Рио Гранде до Сул, каде големата статуа била поставена пред трговски објект од ланецот „Хаван“.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Градоначалникот Марсело Мараната потврди дека, за среќа, нема повредени лица. Според информациите, ударите на ветерот достигнале брзина и до 90 километри на час, што предизвикало конструкцијата (која заедно со постаментот е висока 35 метри) да се навали и со силен тресок да се сруши на земјата.
WATCH: Replica of the Statue of Liberty topples due to strong winds in Guaíba, Brazil pic.twitter.com/pMxN7KLu5y
— BNO News Live (@BNODesk) December 15, 2025


