во ,

Усман Дембеле е најдобар фудбалер на светот за 2025: Ѕвездата на ПСЖ ги победи Мбапе и Јамал

Фудбалерот на ПСЖ и француски репрезентативец Усман Дембеле ја освои наградата „The Best“ за најдобар фудбалер на светот во 2025 година, победувајќи ги во финалниот избор Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Признанието му го додели претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, како круна на извонредната сезона во која Дембеле со ПСЖ ги освои Лигата на шампионите, француското првенство, Купот и Суперкупот на Франција.

Супер Попуст -25%

Церемонијата помина во знакот на парискиот клуб, бидејќи за најдобар тренер беше прогласен Луис Енрике, а за најдобар голман Џанлуиџи Донарума. Во женска конкуренција, наградата отиде кај Аитана Бонмати од Барселона, додека Сарина Вигман е најдобар женски тренер. Наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол заврши во рацете на Сантијаго Монтиел.

Во изборот за престижните награди учествуваа капитените на националните тимови, селекторите, новинари и навивачи преку официјалниот сајт на ФИФА.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Олуен ветер ја урна Статуата на слободата во Бразил: Шокантна снимка го обиколува светот

Агелер со остра критика до Филипче: „Правите лоша услуга на граѓаните со темата за мигрантите“