
Американската амбасадорка Ангела Агелер во интервју за телевизија Сител упати остра порака до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека сведувањето на важното прашање за миграцијата на политичка тема е непродуктивно и претставува „лоша услуга за граѓаните“.
Таа истакна дека САД разговараат за миграцијата со многу сојузници, но тоа е нормален дијалог за глобален проблем, а не политички заговор. Агелер нагласи дека партиските препукувања „само за да не се согласувате“ се бескорисни и ги одвраќаат младите, кои бараат решенија за економијата, здравството и безбедноста, а не дневна политика.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Во однос на борбата против корупцијата, амбасадорката се изјасни како оптимист, посочувајќи дека гледа луѓе во Владата и судството кои се искрено посветени на промени. Таа забележала зголемено ниво на свест кај граѓаните и барање за одговорност од избраните функционери, спомнувајќи ги случувањата во Кочани и локалните избори како примери за будење на јавната свест.


