
Новата апликација во моментов е достапна за преземање на „App Store“ за корисниците на оперативниот систем iOS, додека во следните неколку дена се очекува да биде достапна и за корисниците на Android преку платформата „Google Play“.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Овој новитет претставува уште еден значаен чекор во процесот на дигитализација на локалната самоуправа. Главната цел е комуникацијата со Општината да стане побрза, поедноставна и подостапна за сите граѓани.
Сите услуги и информации на еден клик
Преку својот мобилен телефон, граѓаните сега ќе можат во реално време да ги следат актуелните вести, соопштенијата, настаните и јавните повици, но и директно да пристапат до електронските сервиси.
- Овозможен е брз пристап до ГИС Порталот, е-Урбанизам, е-Дозволи и „Мој Буџет“.
- На едно место се достапни сите општински документи, обрасци и одлуки.
- Вграден е посебен дел за директна комуникација преку кој граѓаните ќе можат да пријават проблем или да испратат свој предлог до Општината.
- Достапни се и корисни линкови за информации од јавен карактер и пријавување корупција.
„Сакаме Општина Центар да биде достапна за граѓаните секогаш кога им е потребна. Наместо да пребаруваат на повеќе места или да доаѓаат во Општината за секоја информација, сега најважните услуги ќе ги имаат директно на својот телефон. Со ова правиме чекор кон поотворена и поефикасна општина“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Надлежните потенцираат дека апликацијата не е наменета исклучиво за жителите на Центар, туку и за сите граѓани кои работат, престојуваат или секојдневно го посетуваат центарот на Скопје, со што значително се олеснува нивното секојдневие.


