
Според најавите од синоптичарите, попладнево во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
- Минималната температура низ државата ќе се движи во интервал од 12 до 20 степени.
- Максималната дневна температура ќе достигне од 30 до 38 степени.
Времето во Скопје
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Во главниот град денеска нè очекува слично време – сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната утринска температура ќе се спушти до 17, а максималната дневна ќе достигне до 37 степени.
Пеколен викенд и локална нестабилност во сабота
Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време низ целата држава.
„Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени, што укажува на нов силен топлотен бран“, предупредуваат метеоролозите.
Сепак, и покрај високите температури, во сабота наместа ќе има локална нестабилност која ќе биде проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи, па граѓаните треба да бидат подготвени за нагли, но краткотрајни промени на временските прилики.


