
Пентагон побара од американската одбранбена индустрија значително да го забрза производството на оружје и муниција, со цел да се надополнат залихите што се намалиле во последниот период.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека Министерството за одбрана е фокусирано на зголемување на набавките за американската војска да го добие потребното оружје „со темпото што го бара заканата“.
Компаниите добиле рок од 21 ден
Заменик-министерот за одбрана Стив Фајнберг испратил меморандум до претставниците на одбранбената индустрија, барајќи од нив во рок од 21 ден да достават планови за побрза испорака и зголемено производство на клучните системи.
„Повеќегодишните развојни циклуси не се прифатливи“, навел Фајнберг во меморандумот, според документ во кој увид имал „Вашингтон пост“.
Тој побарал драматично забрзување на програмските рокови и проширување на производствените капацитети.
Притисок врз резервите на „Патриот“ и ТХААД
Според текстот, конфликтот со Иран дополнително ги намалил веќе ограничените американски залихи на напредни ракетни пресретнувачи.
Посебно внимание привлекуваат резервите за системите „Патриот“ и ТХААД, кои имаат клучна улога во пресретнувањето балистички и други воздушни закани.
Анализа на Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) предупредува дека намалените резерви би можеле да ги принудат САД и нивните сојузници на Блискиот Исток повнимателно да ги користат системите за воздушна одбрана.
Помалку пресретнувачи значат потешки одлуки
Во анализата се посочува сценарио во кое американските сили би можеле да употребуваат помал број пресретнувачки ракети против дојдовни дронови и проектили.
Таквиот пристап би ја зачувал муницијата, но истовремено би можел да ја зголеми веројатноста дел од заканите да ја пробијат воздушната одбрана.
Парнел истакна дека забрзувањето на набавките не е само реакција на актуелната ситуација, туку дел и од поширок процес на модернизација што започнал уште пред конфликтот.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови изразил незадоволство од медиумските извештаи во кои се зборува за недостиг од муниција.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








