
Ексклузивни снимки до кои дојде американската телевизија Си-Ен-Ен откриваат огромна штета на најновиот и најголем американски носач на авиони, „УСС Џералд Р. Форд“. Иако Пентагон првично тврдеше дека пожарот кој избувна во март бил брзо локализиран со само двајца полесно повредени морнари, реалноста на терен била многу поразлична. Американската морнарица намерно ја намалила сериозноста на инцидентот за да не ги открие нарушените борбени способности во екот на операциите против Иран.
Уништени кабини и борба на живот и смрт
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Новите видеа прикажуваат стравични сцени од внатрешноста на воениот брод. Спалните кабини на морнарите се целосно пеплосани, од креветите се останати само извиткани метални решетки, подот е покриен со пепел, а од таваните висат голи жици. Ситуацијата била дополнително влошена бидејќи вградениот систем за автоматско гаснење пожар воопшто не функционирал. Морнарите биле принудени френетично да импровизираат пред суровиот избор – да се борат со огнот или да умрат.
Итно пренасочување кон Грција по 30-часовен пекол
Еден од морнарите сведочи дека екипажот бил сериозно убеден оти ќе го изгуби најмоќниот светски воен брод. Херојската борба со огнената стихија траела цели 30 часа пред ситуацијата да биде ставена под контрола. Подоцна, адмиралот Дарил Кодл призна дека биле потребни два дена за повторно полетување на авион по несреќата. Поради обемната штета, носачот морал итно да се пренасочи од својата рута во Црвеното Море и да се закотви во грчко пристаниште за поправки.


