
Судскиот процес за страшната трагедија во дискотеката „Пулс“ продолжи со најпотресното сведочење досега, откако младиот Кристијан Панов низ солзи раскажа како го пронашол безживотното тело на својот брат таа кобна ноќ.
Во преполната судница, каде што емоциите и тензиите беа на раб на ескалација, Кристијан Панов детално ги опиша хоророт и хаосот што настанале за време на концертот на групата ДНК. Тој откри дека повремено работел како келнер во објектот, иако не бил пријавен, но она што најмногу ја згрози јавноста е неговото тврдење дека во објектот претходно не забележал противпожарни апарати.
„Го препознав брат ми само по тетоважите“
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден
Моментот кога Кристијан го опиша пронаоѓањето на неговиот брат Андреј, кој работел како шанкер, ја замолкна целата судница.
„Оддеднаш настана стампедо на скалите. Луѓе паѓаа еден врз друг, се заглавија меѓу вратите. Влегов да го барам брат ми, беше претешко да издржиш повеќе од неколку секунди внатре. Вториот пат кога се вратив, го најдов на самиот праг. Не бев сигурен дали е тој, го препознав само по тетоважите“, сведочеше Кристијан.
Пиротехника имало и порано?
Покрај Панов, свои искази дадоа и сведоците Иван Данаилов, Тоше Трендафилов и Мартин Китановски. Тие го опишаа ширењето на црниот густ чад од плафонот и печењето на очите додека се обидувале да избегаат. Дел од нив, на прашање на Обвинителството, потврдија дека и претходно во „Пулс“ се користела пиротехника за време на настапи, што отвора прашања за безбедносните протоколи во минатото.
Тензии меѓу адвокатите и родителите
Рочиштето не помина без инциденти. Судијката Диана Груевска Илиевска мораше да воведува ред поради вербални пресметки. Атмосферата се вжешти кога адвокатката на обвинетите, Ивана Коцевска, се пожали дека нејзиниот лик бил злоупотребен на протестниот „Марш на ангелите“ во Кочани, барајќи реакција од институциите. Родителите на загинатите бурно реагираа и ги отфрлија овие тврдења, што доведе до дополнителни тензии во судницата.


