
Состојки и тајната на грчката смеса
За совршен резултат, клучна е разликата во температурата – смесата мора да биде студена, а маслото добро загреано. Во оваа грчка верзија, тајната лежи во додавањето на газирана вода, пченкарен скроб и неколку коцки мраз, додека ренданата кора од лимон ѝ дава неверојатна свежина на рибата.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
За подготовка на околу еден килограм рибини филети, потребно ви е: 150 грама брашно, 20 грама пченкарен скроб (густин), 1 јајце, 200 мл ладна газирана вода, ситно рендана кора од еден лимон (кој не е прскан), неколку помали коцки мраз, сол, свеж црн бибер и масло за пржење.
Подготовка и златни правила за пржење
Во длабок сад измешајте ги брашното и скробот. Додадете го јајцето, па постепено сипете ја ладната газирана вода и кратко промешајте (не матете предолго, само колку да се поврзе). Додадете ја ренданата кора од лимон, солта, биберот и уфрлете ги коцките мраз. Смесата мора да остане студена. Филетите добро исушете ги со хартиена салфетка и благо посолете ги. Секое парче потопете го во студената смеса непосредно пред пржењето и оставете го вишокот да капне.
Маслото загрејте го на 175 до 180 степени. Пржете во помали тури за да не падне температурата на маслото – ако ставите премногу риба одеднаш, коричката ќе се формира побавно и ќе впие многу маснотии.
„Готовата риба задолжително ставете ја на метална решетка над плех, во еден слој. НИКАКО не ја редете на салфетки и не ги ставајте парчињата едно врз друго, бидејќи пареата веднаш ќе ја омекне крцкавата коричка.“


